Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните -уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од вчера на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.
Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа:
апликација за дозвола за оружје
потврда за моментална сопственост за возила за физички лица
потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица
потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица
потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица.