Нова опрема за ТППЕ, спас при сообраќајни незгоди (видео)
Откако градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со директорот на Агенцијата за заштита и спасување, доктор Беким Максути, во ТППЕ Куманово беше доделена опрема за заштита и спасување од сообраќајни незгоди, што значи дека состанокот вродил со плод и дека пожарникарите отсега ќе располагаат со потребните реквизити при спасувачките акции, што досега ги немале на својот оддел. Да чуеме како ја оценија оваа донација Аслани и Илиевски.