Министерството за здравство соопштува дека во изминатото деноноќие регистрирани се 318 нови случаи на КОВИД-19, од кои 12 се во Куманово. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица на возраст од 56 до 87 години, меѓу нив и 67-годишен кумановец.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица.
Според последните податоци, бројот на активни случаи во земјава изнесува 2.065, а во Куманово 90.