Новогодишен базар во ООУ „Магдалена Антова“

Учениците од основното училиште „Магдалена Антова“ по повод новогодишните празници деновиве организираа новогодишен базар. Претходно, учениците заедно со своите родители, сестри, баби изработуваа рачни творби, украсни предмети, домашно приготвени колачиња. Сите подготвени новогодишни украси, учениците од шесто до деветто одделение ги продаваа на десетина тезги во дворот на училиштето по симболична цена. На оваа манифестација родителите, вработените во основното училиште, наставниците, учениците купуваа од приложените новогодишни предмети. Собраните финансиски средства ќе бидат искористени за потребите на училиштето.