Хуманитарното добротворно здружение на ромската интелигенција традиционално, по повод претстојните празници, додели 110 новогодишни пакетчиња на децата кои што го изучуваат ромскиот јазик и култура, на социјално ранливи категории семејства и на дечињата кои што живеат во кумановското село Клечовце.
„Активноста е поддржана од општествено одговорна компанија од Куманово- Кватро, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и соработници и пријатели од Германија“, изјави Мерџан Демирали од здружението.