(ВИДЕО) НСДП повика да се гласа за Илиевски

Од Нова социјалдемократската партија на денешната прес конференција ги повикаа членовите и симпатизерите во недела да излезат и да дадат поддршка на опцијата Најдоброто за општината, бројот 12.

-Во оваа кампања можевте да слушнете програми, планови идеи на многу политички опции.Но онаа што вистински не одвојува од другите политички опции е вербата во вас дека на 17.0ктомври ќе ни ја дадете вашата доверба и ќе изберете Најдоброто за нашата општина, за сите нас.

Верувајте во нас и имајте доверба во нашата програма која со ваша помош може вистински да донесе подобар живот за сите нас!

Кандидатот за градоначалник Г-дин Оливер Илиевски и тимот од 33 кандидати за советници предводен од Атина Мургашанска , во текот на овие денови покажаа и докажа дека одлучноста и истрајноста во желбата за Најдоброто за нашата општиназа ситее единствено нешто во кое сите треба да веруваме!

Драги наши новисоцијалдемократи, покажавме сите овие години дека сме тука за вас, па затоа ве повикуваме и вие да ни покажете дека сте тука за нас, за нашиот Благојче Јаќимовиќ и Фросина Стевановиќ, за нашиот иден градоначалник за нашите советници.

Ве повикуваме масовно да излеземе сите заедно на 17-ти октомври да го дадеме нашиот глас нашата подршка за број 12, за опцијата Најдоброто за нашата општинаКуманово! Ви благодариме и одиме на победа на 17 октомври-истакна Наталија Михаиловска, НСДП.