Обид за предизвикување пожар во спортска обложувалница

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа лишиле од слобода 42-годишен кумановец поради сомнение дека на улица „Ѓорче Петров“ се обидел да предизвика пожар во спортска обложувалница.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.