Обилните врнежи ќе продолжат, нема опасност од излевања

Изминатите 24 часа територијата на Македонија беше погодена од влажен бран при што на некои места во западните делови наврнаа и поголеми количества на дожд. Во Куманово во текот на ноќта наврнаа повеќе од 33 литри на метар квадратен дожд .

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, иако на места обилни, поради изминатиот сушен период, врнежите не предизвикаа поголеми зголемувања на водостоите на реките низ земјава.

– Во текот на денот, како за време на утрешниот ден, повторно се очекуваат врнежи од дожд но, количински помалку и со нешто помал интензитет во однос на вчерашните, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)