Објавен конкурс за проектот „Скици 2025“
НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ го објави повикот за проектот Скици 2025, поддржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.
Целта на проектот е да го промовира цртежот кој се изработува од страна на академските уметници од Куманово.
На овој конкурс учество можат да земат сите академски уметници кои работат на територијата на Општина Куманово со најмногу 3 цртежи, при што организаторот, по направената селекција, не е обврзан сите да ги вклучи во изложбата. Изложбата не е тематска, а исто така слободен е и изборот на техниката во која ќе се изработуваат цртежите. Ограничен е само форматот кој не треба да е поголем од 100х70 цм.
По извршената селекција ќе се пристапи кон организирање на изложба во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово (во првата половина на ноември, пропаганда, каталог, опремување на цртежите со рамки, и др.) По завршениот циклус на претставување на цртежите истите ќе се вратат на авторите.
Рокот за пријавување е отворен до 25 октомври 2025 година.
Сите заинтересирани можат да се информираат за дополнителни податоци, на телефонот на организаторот 031/415-099.
Лица за контакт: м-р Зоран Арсовски, Миранда Беќири – Фазлиу и Роберт Цветковски.