Објавен Јавен повик за граѓански организации и фондации од општина Куманово  

Општина Куманово објави Јавен повик за граѓански организации и фондации од општина Куманово  за прибирање предлог проекти во рамките на приоритетните области:

1.     ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

2.     СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈА

3.     ТУРИЗАМ И КУЛТУРА

4.     МЛАДИНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ.

Финансиските средства предвидени во Програма на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2025год. Со бр: 09-3458/10 од 25.02.2025год. Финансиските средства во висина од 900 000 денари се обезбедени од  Буџетот на Општина Куманово за 2025 година, наменети за  граѓански организации и фондации од Општина Куманово за проекти во рамки на Стратегиските развојни документи на Општина Куманово, соодветни на приоритетните области и цели.

Право на учество имаат:

–  Здруженија на граѓани и фондации, со седиште во oпштина Куманово, како матична општина, каде физички ќе се реализираат проектите.

 –  Јавниот повик е отворен за сите граѓански организации кои се формално регистрирани во Р.Северна Македонија согласно  важечката законска регулатива, со тоа што граѓанските организации од другите општини од земјата можат да учествуваат само доколку аплицираат во партнерство со граѓанска/и организација/и регистрирани на територијата на општина Куманово, во кој случај водечка организација ќе биде организацијата регистрирана на територијата на општина Куманово.

Вредност на проектите кои ќе се финансираат

Финансирањето на проекти е Согласно Методологијата за транспарентна распределба на финансиските средства за проекти од граѓанските организации, усвоена од Советот на Општина Куманово. Највисокиoт износ кој ќе се доделува за проект е 300 000 денари а најнискиот износ кој ќе се доделува за проект е 150 000 денари.

            Грантовите доделени во рамките на јавниот повик може да се користат за финансирање на административни трошоци и трошоци за вработениот кадар и тоа во износ до максимум 30% од побараните средства. Останатите 70% од средствата треба да се предвидат за програмските активности.

Општината го задржува  правото да не ги додели расположливите средства доколку предложените проектите не ги исполнуваат зададените критериум.

Подобност на подносител на проект (апликант)

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

Здруженија на граѓани / фондации  кои се јавуваат на јавниот повик мора да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации на Република Северна Македонија;

Здруженија на граѓани / фондации  кои се јавуваат на јавниот повик   мора да се регистрирани на територија на Општина Куманово;

Остварување на програмите и дејствувањето на  Здруженија на граѓани / фондации  кои се јавуват на јавниот повик мора да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија;

Проектите со кои Здруженија на граѓани / фондации  се јавуваат на јавниот повик мора да  се имплементираат единствено на територија на  Општина Куманово, дозволемо е и  партнерско здружување на ГО, ако водечката организација е од Куманово;

Секој подносител има право да се јави на Јавниот повик единствено со еден предлог проект;

·       Во проектот како соработници може да бидат вклучени и други организации и/или институции (на пр: училишта, детски градинки, музеи, итн.). Таквите организации – соработници мора да имаат своја конкретна улога во имплементацијата на активностите, но не може да бидат приматели на грант.

Повикот подржува и партнерства и вмржување на две или повеќе  ГОи за реализација на заедничка цел;

Секој поднесен –доставен до општината предлог проект од  страна на апликантите мора да биде во согласност со  насоките, правилата и документитите кои се компатабилни со ЛОД Методологијата а се составен дел на јавниот повик! Во спротивно нема да бидат земени во предвид во процесот на евалуација и оценка;

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

Предлог проектите  да кореспондираат со Стратешките области и цели, односно соодветните Стратегиски развојни документи на Општина Куманово;

Предлог проектите да бидат изработени и доставени на начин детално опишани  во  насоките и упатството  како и обрасците (формуларите и дадените коментари во нив за секој дел) составен дел на јавниот повик;

Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот, согласно образецот за Буџет на проектот;

За сите проекти не е  задолжително но е препорачливо кофинансирање , точно прикажан во образецот за буџет во дозволента буџетска линија и за тоа во прилог на документацијата да се достави соодветен доказ.

Времетраење на реализацијата на проектите

Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 9 месеци. Проектите мора да започнат со реализација најдоцна од 15/05/2025 година а да завршат во рамките на планираниот рок за завршување.

Доколку се случи  влијание од виша сила во периодот на имплемнтацијата на проектот (пандемија или друго оправдано влијание)  можност за продолжување  на реализацијата за дополнителни два месеци по претходно поднесено до општината (Одд за ЛЕР) Барање за продолжување на рокот за завршување на проектот.

v  Планиран термин за реализација на  активностите од проектите  е: од  15/05/2025 година до најдоцна 15/12/2025 година (шест месеци) и од 15/12/2025 до 15/02/2026год. ( девет месеци)!

v  Проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на општина Куманово.

v  Поднесувањето на  комплетните завршни наративни и финансики извешти е до 31/12/2025 годин без отстапки освен во случај на влијание од виша сила. Во спротивно последиците се на товар на имплемнтирачките организации ,со кој општината склучува посебен договор задржувајќи го правото на барање на поврат на грантот од грантистот кој не поднел соодветен наративен и финансиски извештај.

Потребна комплетна документација која Здружението или Фондацијата со која апликантите се јавуваат на Јавниот повик е:

Пријава /Анекс бр 1 –Апликативен  образец

Истата со која  здруженијата на граѓани / фондации   се јавуваат на јавниот повик, треба да биде пополнета  со печатни букви во кирилично писмо, потпишана од застапникот, заверена со печат и штембил, изработена соодветно на даденото упатство и насоки, составен дел на јавниот повик,

Образец за Буџет/Анекс 2   Преглед на буџет

Истиот е составен во два дела(шитови во ексел табела)

Едниот дел(шит) содржи  процентуален сооднос на финасиските трошоци за секоја активност изразен во бројчана вредност(денари) и како сопствено учество и како побаран општински придонес.

Вториот дел(шит) содржи наративно објаснување на секој планиран групен односно поединечен финансиски трошок и како сопствено учество и како побаран општински придонес.

Образец за Логичко поврзување на активностите од проектот/Анекс 3 Логичка рамка

Истиот мора да биде соодветно пополнет согласно насоките и упатствата, составен дел на Јавниот повик усогласени спрема ЛОД Методологијата

Обраец /Анекс 4       План на активности и видливост/промоција

Истиот мора да биде соодветно пополнет согласно насоките и упатствата, составен дел на Јавниот повик усогласени спрема ЛОД Методологијата

Образец/Анекс 5      Формулар со административни податоци за подносителот

Образец/Анекс 6      Формулар со финансиски податоци за подносителот

Образец/Анекс 7      Изјава за подобност  и конфликт на интереси

Образец/Анекс 8      Листа за проверка

Напомена!

            Овој дел е елиминаторен  без никакви отстапки. Недостатокот на било кој од наведените документи е причина за елиминација на доставениот предлог проект од понатамошната постапка за евалуација и оценување и за тоа Општината не превзема одговорност!

Пријавата со прилозите се достапни и може да се превземат од  веб страницата на Општина Куманово ( https://kumanovo.gov.mk/ ) во работна верзија! Документите се доставуваат во два идентични примероци во хартиена форма и еден примерок во електронска форма  (USB).

Како и задолжителните дополнителни документи:

Тековна состојба на здружението на граѓани / фондација не постара од една година;

Копија од важечка потврда/решение за регистрација на здружението на граѓани /фондација во земјата (за носителот на проектот/подносителот и евентуални партнери);

Копија од статутот на здружението на граѓани / фондација;

Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба) заверен од надлежна институција за финансиско работење или овластен сметководител, освен доколку здружението на граѓани / фондација е основана во тековната година/истата се зема во предвид како предност; 

Профил на здружението на граѓани / фондација;

Годишна програма;

Референтна листа на реализирани проекти за последните 5 години;

Приоритетни области на јавниот повик

Приоритетните области утврдени во Стратешките документи на општината низ процесот на партиципативно креирање на општинските политики со учество на граѓаните и граѓанските организации како и сите останати релевантни чинители во локалната заедница  усвоени од Советот на општина Куманово како општински политики се земаат во предвид како општински приоритети врз основа на кои е дадена оваа можност за развивање на проектни иницијативи од граѓански организации и во таа насока нивно прибирање и финансирање во рамките на Јавниот повик за 2025 година.

Предлог проектите кои ќе бидат поднесени во рамките на јавниот повик треба да придонесат кон обезбедување подобри услуги за локалната заедница и да придонесат кон оствaрување на една или повеќе приоритетни цели –приоритети на Општина Куманово.

За овој јавен повик, приоритетни области за општина Куманово за 2025 година се: 

1.        Заштита на животна средина

1.1.       Развој и поддршка на иновативни проекти со еколошки активизам за зачувување и унапредување на животната околина како и подигнување на еколошката свест за превенција од загадување на воздухот и справување со дивите депонии.

1.2.       Иновативни идеи за подобрување на локалната заедница во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија како и иновaтивни проектни активности за заштита од загадување преку примена на конкретни еколошки мерки.

2.          Социјална кохезија и намалување на сиромаштија

2.1.       Поддршка на проекти и активности за подобрување на вештините на невработените лица за вработување или самовработување преку иновативни идеи преку: доквалификација и преквалификација и нивно прилагодување спрема потребите на пазарот на труд како и други идеи и активонсти за поголема вработиливост.

2.2.       Примена на нови иновативни идеи и методи во процесот на развивање и спроведување на социјални сервисни услуги заради  зајакнување и олеснување на животот на старите лица, лицата со попречености, особено на децата со пречки во развојот како и жртви на семејно насилство.

2.3.       Градење на родово перспективна заедница со цел подобрување на економската состојба на жените преку поддршка на проекти за: само-вработување во областа на земјоделството, менторство и преку поттикнување на женско претприемништво (особено кај жените од: руралните средини, од ранливите категории и жените од Ромската националност), како и активизам и зголемена вклученост на жени во креирање политики.

2.4.       Проекти и активности за социјална инклузија на малцински етнички групи и ранливите категории на граѓани, особено лица со попреченост и деца со потешкотии во развојот, со цел подобрување на квалитетот на нивниот живот низ примена на нови иновативни идеи за учење и унапредување на нивното ментално и физичко здравје, како и намалување на проблемите од врсничкото насилство и малолетнички бракови  во рамките на социјалната еднаквост.

3.          Туризам и Култура

3.1.       Зaчувување, унапредување и заштита на културните споменици и знаменитости како и зајакнување и унапредување на културните вредности и навики на граѓаните на локално ниво низ нов социјален инклузивен пристап.

3.2.       Примена на нови иновативни идеи во процесот на развој и унапредување на туризмот, особено на рурален и алтернативен туризам, преку искористување и промоција на културно-историското наследство, природните убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда на локално ниво.

4.          Младински иницијативи

4.1.       Проекти за поттикнување на младински активизам за решавање на проблемите на младите во локалните средини како инивно прилагодување спрема општествените состојби во државата и локалната заедница.

4.2.       Поддршка на проекти и активности за вработување и самовработување на млади лица.

4.3.       Поттикнување на здрав живот и здрави навики кај младите преку спортски активности.

4.4.       Иницијативи за поттикнување на меѓуетничка толеранција и мултикултурализам преку поттикнување на заеднички активности меѓу различни етнички групи.

4.5.       Активности за спречување на врсничко насилство.

4.6.       Активности кои поддржуваат млади во рурални средини.

Начин на достава на Проектната документација

Три оригинални примерока во печатена форма и еден во електронска форма  на USB од комплетната документација (наведена во упатството за аплицирање), да се достават по пошта или на рака во Архива на Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој  на следнава адреса:

Општина Куманово

Адреса: 11 Октомври б.б.

1300 Куманово

За да бидат прифатени пријавите мора целокупната документација да се достави исклучиво по препорачана пошта или лично, во запечатен плик на кој е назначено дека е за јавниот повик, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18.04 (петок) 2025 год., вклучително и денот на објавување на јавниот повик .

·       На предната страна на пликото Во горниот лев агол да стои: „Не отварај”, а во долниот десен агол да стои: Општина Куманово ул „ 11 Октомври” б.б. 1300 Куманово под истата назнаката „ За Јавен повик за Проекти од Програмата на Одделение за ЛЕР со точно наведена приоритетна област “.