Огномет повреди посетител на концерт на градскиот плоштад во Крива Паланка

Министерството за внатрешни работи информира дека вчеравечер во 22.47 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека 28-годишен жител на село Конопница, кривопаланечко на градскиот плоштад во Крива Паланка, при одржување  на концерт, била повредена од  огномет.

Жената се здобила со телесни повреди констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.