Одбележан Светскиот ден за ретки болести

По повод Светскиот ден за ретки болести, 28 февруари, учениците од здравствената струка од прва и трета година во ОСТУ „Наце Буѓони“ одржаа креативни активности и едукативни дискусии, со цел подигање на свеста и порака дека секој заслужува поддршка.
Учениците ги посетија сите основни училишта во Куманово, ООУ ,,Браќа Миладиноци”, ООУ ,,Крсте Мисирков”,ООУ ,,Толи Зордумис”, ООУ ,,Вук Караџиќ”, ООУ ,,11Октомври”, ООУ ,,Магдалена Антова” и ООУ ,,Кочо Рацин” и ООУ ,,Христијан Карпош” и преку креативна работилница со основците  изработуваа хамери на тема ретки болести.
„Преку овие хамери, го изразуваме гласот на оние што ретко се слушаат, испраќаме поттик за прифаќање, разбирање и ширење љубов кон оние кои живеат со ретките болести. Ретките болести можеби се ретки, но емпатијата и солидарноста не треба да бидат, а наша должност како идни медицински сестри е токму тоа! Реткоста инспирира!“, порачаа учениците.