Одбележување на Недела на забоздравствена заштита
Црвен крст на Македонија – Општинска организација Куманово, и оваа година традиционално во периодот од 15-21 декември ја одбележа Неделата на забоздравствена заштита под мотото „Здрави животни навики за здрави насмевки”. За таа цел, на 22 декември по повод неделата, волонтерите ги посетија дечињата во детската градинка „Ангел Шајче“, објект – Кокиче и на присутните им беа подарени четки за заби, а воедно и заедно зборуваа за важноста од одржување на забоздравствена заштита, како и редовно посетување на стоматолог и чистење на забите.