Одбележување на 7 Мај, денот на македонската полиција
Во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) денеска се одржува централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај.
На настанот свои обраќања имаа претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.
Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.