Оддржан уште еден состанок на кризниот штаб

Дали и колку нашите сограѓани треба да стравуваат од алармантните бројки на заболени од корона; колку самите рестрикции влијаат на опаѓање на тие бројки и дали треба да сме гневни што имунизацијата на населението не се совпаѓа со желбите за побрза колективна имунизација? На овие и други прашања, постојано се обидува да даде одговор кумановскиот кризен штаб. Еве го најновиот апел од денешниот нивен состанок: апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Р.С.М., поточно социјална дистанца од два метри, носење на заштитни маски и запирање на групни седенки на отворено, а особено во затворени простории.