Одземени пари од црква во село Љубодраг

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека во полицијата вчера било пријавено дека во периодот од 04 до 24. 08.2025 год. во црквата „Св.Троица“ во с. Љубодраг, кумановско, со употреба на сила и погоден алат била отворена касата и биле одземени пари. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во друг случај, дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека украл пари од дом на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Одземеното, како што додаваат од полицијата, било пронајдено и вратено на сопственикот, а крадецот бил приведен во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.