СВР Куманово поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот во мај 2024 година присвоил патничко возило „ауди а6“, сопственост на негова поранешна вонбрачна партнерка од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштуваат од полицијата, таа му дала клучеви од нејзиниот стан во Куманово, при што тој искористил прилика и ја одзел целокупната документација за возилото, врз основа на која изготвил фалсификуван договор за купопродажба на возилото кај нотар, на кој фиктивно како продавач ја навел оштетената, соопшти МВР. Потоа, договорот го употребил како вистински во постапка за регистрирање на возило за промена на сопственост на негово име.
