Од денеска аплицирање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и трошоци за кирија

Од денеска започнува аплицирањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и трошоци за кирија.

Советот претходно го прифати и изгласа предлогот на градоначалникот Максим Димитриевски и секторот за социјална заштита при општина Куманово за зголемување на финансиски средства од 3000 ден. на 6000 ден. за кирија и проширување на групата на корисниците.

На јавниот повик можат да аплицираат следните категории граѓани:

-корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово (лица кои живеат под кирија)‼️

-корисници на социјална сигурност за стари лица, кои живеат на територија на Општина Куманово (лица кои живеат под кирија) и

-жртви на семејно насилство, кои живеат на територија на општина Куманово (лица кои живеат под кирија).

Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (одделение за социјална заштита).

Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на општина Куманово, од денеска (15.05.2025 ) до крајот на фискалната 2025 година, информираат од секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.