Од Ковид 19 во Куманово се лекуваат 143 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Состојбата во Куманово евидентира 143 хоспитализирани, што е повеќе од болниците во Битола, Тетово, Велес, Охрид и Прилеп. Но, бројките се менуваат од час во час, поради направените приеми и исписи на пациентите. Околу 300 легла до овој момент остануваат слободни.