Од полноќ нови цени на горивата

Од ноќеска на полноќ на сила ќе стапат нови цени на нафтените деривати низ бензинските станици во Македонија, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР 95 да се зголеми за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 78 денари по литар. Се покачува и цената на ЕУРОСУПЕР 98 и од утре ќе се продава за 1,5 денари поскапо, односно ќе изнесува 80,5 денари по литар.

Поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ кој од утре ќе се продава за 72,5 денари, или поскапо за 1,5 денари.

Се покачува и цената на Екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денари, и според новата цена ќе се продава за 72 денари. Мазутот поевтинува за 0,1 денар и од утре ќе се продава по цена од 45,7 денари по килограм.

 

Коментари

коментар(и)