Од понеделник граѓаните кои имаат штети од пожарите ќе можат да поднесат барање за обесштетување од општината
Општина Куманово ги известува граѓаните кои што имаат претрпено штети од пожарите, дека од понеделник 14.07.2025 год. заклучно со 25.07.2025 год. ќе можат да поднесат барање за обесштетување.
Барањето заедно со копија од лична карта, трансакциска сметка, копија од имотен лист, број за контакт, фотографии од предизвикана штета да го доставот до комисијата за проценка и утврдување на висина од штета од природни непогоди и други несреќи, до архива(писарница) на општина Куманово.
-Исто така, апелираме да не се опожаруваат стрништа и суви треви (особено во наредниот период), како и да не се фрлаат отпушоци за да не дојде до појава на пожари. Граѓаните да се воздржат од непотребни движења на отворен простор, како и да информираат за сите забележани пожари на отворени површини и сомнителни движења на лица на дежурниот телефон 193 и 112, пишува во објавата на општина Куманово.