Од удар со „голф“, тешко повредена кумановка

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 11.02.2021, во 19:15 часот било пријавено дека во центарот на Куманово, на крстосницата од улиците „11 Октомври“ и „Сава Ковачевиќ“, патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(44) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(55) од Куманово.

Како што појаснуваат оттаму, во незгодата, С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.