Од утре почнува исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации

Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации ќе почне од утре откако Фондот за здравствено осигурување ги стави во функција сите модули, информираат од Фондот.

Оттаму велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда.

„Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“, нагласуваат од Фондот.