ООУ „Браќа Миладиновци“ одбележува 73 години од постоењето
Основното училиште „Браќа Миладиновци“ со пригодна културно – уметничка програма, вчеравечер го одбележаа патрониот празник, 73 години постоење.
Под мотото „Ризница на нашето културно богатство”, учениците под менторство на своите наставници преку песна, игра, поетски стихови и драмска изведба успешно се претставија пред публиката во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ .