Покрај бројните скандали за кои секојдневно слушаме во речиси сите јавни претпријатија и установи во Општина Куманово под раководство на кадри на ЗНАМ, на површина излегуваат сериозни информации и за случувањата во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“.
Јавно го прашуваме директорот Дејан Стојановски:
• Дали е вистина дека 70% од вработените во установата се пожалиле на мобинг од ваша страна, поради што била организирана и средба во просториите на ЗНАМ во Куманово?
• Дали е точно дека на таа средба, токму претседателот на ЗНАМ Куманово бил „стручното лице“ кое утврдувало дали постои мобинг?
• Дали се вистинити информациите објавени во медиумите дека сте извршиле плаќање за набавка на мебел кој никогаш не бил испорачан во установата?
• Постои ли финансиска поврзаност меѓу вас и претседателот на ЗНАМ Куманово во однос на оваа набавка?
• И конечно, дали вие или лица блиски до вас сте стекнале финансиска или материјална корист од незаконски платениот тендер?
Воедно, јавно го прашуваме и градоначалникот Максим Димитриевски:
• Дали сте запознаен со состојбите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и што конкретно преземате за заштита на вработените и корисниците на оваа установа?
• До кога кадровските решенија на ЗНАМ ќе бидат синоним за скандали, злоупотреби и сомнежи за криминал?
Очекуваме одговори, транспарентност и одговорност!
OO СДСМ КУМАНОВО