Опожарена барака во Транзитен центар Табановце

Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие гаснеле опожарен смет во село Проевце, опожарена барака во Транзитниот центар за мигранти – Табановце и помошен објект во Речица.

Пожарникарите од Куманово интервенирале и во селото Матејче, липковско на опожарена нискостеблеста шума. Дабова шума и опожарена нискостеблеста деградирана шума пожарникарите гаснеле и во селото Никуштак, информираат од Регионалниот центар за упарвување со кризи.