Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на опожарена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на липковското село Виштица, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, пожарот бил изгаснат за околу два часа, а опожарена е површина од осум хектари.