Опожарена нискостеблеста шума гаснеле пожарникарите во липковски села

Во текот на изминатото деноноќие екипите на ТППЕ Куманово интервенирале во липковското село Матејче, каде што гаснеле опожарена сува трева и нискостеблеста шума. Во ликвидирањето на пожарот учествувале и шестмина вработени во ЈП Македонски шуми.

И втората интервенција на пожарникарите од Куманово била во липковско село, овојпат во Никуштак. И таму гаснеле опожарена сува трева и ниска шума .

Запалена сува трева гаснеле и пожарникарите од единицата во Старо Нагоричане, а учествувале и мештани, пишува во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.

Коментари

коментар(и)