Опожарени куќа и подземен контејнер во текот на изминатото деноноќие
Опожарени куќа и подземен контејнер во текот на изминатото деноноќие, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Споре билтенот на РЦУК, екипа на територијалната противпожарна единица Куманово во првиот случај интервенирала на опожарен полуподземен контејнер на булеварот „Октомвриска револуција“, а потоа гаснеле и опожарена куќа во кумановското село Пчиња. Од пламените јазици биле опожарени две соби од објектот, а материјалната штета допрва ќе се утврдува.