Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на опожарен помошен објект за складирање дрва (шупа) на улицата „Ужичка“ бр.40. Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, опожарувањето настанало поради неисправна електрична табла. Интервенцијата на пожарникарите траела петнаесетина минути.
Кумановските пожарникари вчера попладне гаснеле и опожарена дабова шума и ниска вегетација спроти дивата депонија во селото Никуштак. Пожарот започнал во 18.35 часот, а бил ликвидиран во 20.10 часот, информираат надлежните.