Опожарено возило во движење
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера окол у14 часот 30- годишен кумановец пријавил дека на улицата „Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во неговото патничко моторно возило „бмв“ во движење.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.