Опожарено возило во движење на „Октомвриска револуција“

Во СВР Куманово вчеравечер околу 20 часот е пријавено дека на булеварот „Октомвриска револуција“ настанал пожар во автомобил во движење, информираат надлежните.

Според полицијата, станува збор за патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на 34-годишен кумановец.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид е извршен од увидна екипа од СВР Куманово.