Опожарен автомобил во населбата „Бабин дол“

Во населбата Јане Сандански, позната како Бабин дол синоќа бил опожарен патнички автомобил. Пожарот го изгаснала екипа на Територијалната противпожарна единица од Куманово, а интeрвенцијата траела околу 45 минути, информираа утрово од Регионалниот центар за управување со кризи.

Причината за пожарот, како и висина на материјалната штета допрва ке се утврдува.