Четиристотини педесет и четири семејства од Куманово изминатата година користеле субвенција за трошоците за комунални услуги, еднократна парична помош добиле 154 лица, мерката народна кујна ја користеле 100 семејства, а за 45 деца Општината обезбедила бесплатна градинка, соопшти на денешната прес-конференција раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална и детска заштита Александар Крстевски.
Во тек се јавните повици за субвенционирање на трошоците за комунални услуги, за кирија, остварување на правото на народна кујна.
„Со цел за поголема транспарентност и унапредување на социјалните категории за граѓаните на општина Куманово, како и успешна реализација на Програмата на одделението за социјална заштита, здравствена заштита и заштита на децата во 2026 година обезбеди средства од буџетот за финансирање на мерки за: субвенционирање на трошоци за комунални услуги во висина од 7 000 000 денари, помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица во висина од 600 000, еднократна парична помош во висина од 1 500 000, ослободување од партиципација на деца од еднородителски семејства и деца Роми на возраст од 0 до 10 години за посетување на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ во висина од 894 000 денари и народна кујна во висина од 4 000 000.
Граѓаните барањата за Еднократна парична помош може да ги поднесуваат од 1ви до 5ти секој месец во текот на целата година. Граѓаните барањата за ослободување од партиципација на деца од еднородителски семејства и деца Роми на возраст од 0 до 10 години за посетување на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ можат да ги поднесуваат во текот на целата година односно до искористување на средствата од буџетот на општина Куманово.
Барањата за обезбедување на оброк преку меркатаНародна исто така можат да ги поднесуваат барањата во текот на целата година односно до искористување на средствата од буетот на општина Куманово. Оваа право може да го искористат лица приматели на гарантирана минимална помош (ГМП), лица корисници на право на социјаллна сигурност за стари лица, лица со интелектуална попреченост, лица со телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице.Право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги ќе можат да остварат лица кои имаат статус на стечајни работници кои живеат на територија на општина Куманово, а кои не стекнале право на материјално обезбедување , самохрани родители, згрижувачки семејства, гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени лица, деца без родители и родителска грижа, приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно лица со навршени 65 години во, лица кои живеат на територија на општина Куманово со навршени 26 години, односно интелектуална попреченост, телесна попреченост, слепо и слабовидно (над 80% оштетен вид) лице и глуво и наглуво (над 65% оштетен слух) лице и Даунов синдром и приматели на право на посебен додаток согласно Законот за детска заштита во којашто категорија на лица спаѓаат деца со специфични потреби кои имаат пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот. Од друга страна пак, право на субвенционирање на трошоци за кирија ќе можат да остварат лица кои имаат статус на корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени лица , жртви на семејно насилство и корисници на социјална сигурност за стари лица.Барањата можат да се подигнат на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита)“, соопшти Крстевски.
Барањата со потребната документација се доставуваат до архива на општина Куманово од 12.01.2026 до 12.02.2026 година.