Општина Куманово со кривична пријава за случајот во Сопот

Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело „Узурпација на недвижности“ и кривично дело „Бесправно градење“, на локација во с. Сопот – Куманово .

„Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар.

Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно поставување“ – стои во соопштението на општина Куманово.

Коментари

коментар(и)