Општина Старо Нагоричане и годинава ги поддржа првоодделенците
По четири илјади денари за секој првоодделенец одвои Општина Старо Нагоричане од буџетот за новата учебна година. Како што информираше заменик градоначалникот на Општината, Бобан Цветановски, веќе три години општината ги поддржува првачињата. Средствата се пуштаат на сметка на родителите, откако ќе достават целокупна документација, изјави Цветановски.
На подрачјето на општина Старо Нагоричане има три основни училишта во кои во прво одделение запишани се 19 првоодделенци. Вкупно, во трите основни училишта, „Светозар Марковиќ“ , „Христијан Карпош“ и „Христијан Тодоровски Карпош“ настава посетуваат 248 ученици.