Организирана прослава на Бадник во Карпош

Предвесникот на Христовото раѓање, Бадник организирано го прославија и жителите на населбата Карпош со предавање на кумството, со палење на бадниковиот оган, со песна, оро и богата трпеза.

Најсреќен годинава беше 29-годишниот Никола Цветковски кај кого се падна паричката и ќе биде кум на прославата следната година. Организираната прослава од година в година е се помасовна.

Организаторот, кабелската телевизија Мултимедија и годинава додели стотина вредни награди на кумановци кои што учествуваа во наградната игра. Услов  за учество во наградната игра беше да бидат подмирени сметките за кабелската телевизија за претходната година, заклучно со декември месец.

 

Коментари

коментар(и)