Осветен камен темелникот за крст во селото Табановце
Во кумановското село Табановце денеска беа удрени темелите на крст кој ќе се гради во центарот на селото.
Крстот кој ќе биде со висина од 10,5 метри го гради месното население со поддршка од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.
Целосната изградба на десетметарскиот крст треба да биде завршена до 6-ти мај годинава на големиот христијански празник „Свети Ѓорѓи“.
