Осветување на темелите на црквата „Свети Димитриј“ во Тромеѓа в сабота
Во кумановското село Тромеѓа в сабота со почеток во 10 часот ќе бидат осветени темелите на црквата „Свети Димитриј“.
Според претставници на месната зедница, темелите ќе ги освети Митрополитот кумановско-осоговски Григориј.
– Добредојдени се сите заинтересирани граѓани и верници од Куманово да присуствуваат на овој чин на осветување на темелите на црквата која ќе се наоѓа до самото езеро во Тромеѓа, велат од месната заедница.
Инаку, голем број верници во текот на изминатите денови веќе донираат градежен материјал и финансиски средства за изградба на комплексот.
На посочената локацијата изминатите години се организираа одбележувања на верски празници, а особено масовно посетен настан е фрлањето крст на Водици.