Основци од Куманово ќе учествуваат на Светско училишно првенство
Тројца основци од Куманово ќе учествуваат на Светско училишно првенство.
Поддржани од општина Куманово преку Општинскиот сојуз на училишен спорт, значаен дел од македонската репрезентација во спортската дисциплина атлетика се Миа Голубовска и Ведран Николовски од ООУ „Крсте Мисирков” и Јана Анастасовска од ООУ „Кочо Рацин”, во придружба на спортските ментори Филип Колевски и Марјан Нојковски.
Олимписките игри за ученици до 16- годишна возраст ќе се одржат на Златибор, Република Србија од 04 до 14 април годинава.
Светското првенство е во организација на Светската училишна федерација, а ќе се одиграат натпревари во 21 спортска дисциплина и 4 параолимписки дисциплини.