Осумдесет општини аплицирале на владиниот повик за инфраструктурни и капитални проекти

80 општини аплицирале на јавниот повик за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, со вкупно 358 предлог проекти, соопшти денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.

„Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства. Тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа следува фаза на евалуација која ќе се случува во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме во првата недела од следниот месец предлог проектите за финансирање бидат доставени од ресорните министерства за усвојување на владина седница“, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој што денеска присуствуваше на јавната дебата во Куманово, во врска со предлог законските решенија за јавната администрација.

Коментари

коментар(и)