Откриен крадец, украл предмети вредни близу 20.000 евра
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(33 години) од Куманово. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26-ти со уште едно лице од магацин на правен субјект на булеварот „Октомвриска револуција”, одзеле повеќе предмети со вкупна вредност од околу 20.000 евра. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира кумановската полиција.