ОШЗС: Надлежните да направат увид на речните корита поради најавените врнежи
Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово ја оддржа 63-та седница на која донесе препорака до неколку јавни институции и јавни претпријатија да превземат мерки и извршат увид со оглед на најавата за обилни врнежи од дожд. Препораката се однесува на ЈП„Водовод“, ЈП„Чистота и зеленило“, Центар за управување со кризи, Диркција за заштита и спасување, согласно најавената хидрометеоролошка состојба, како и циклонот кој го зафати нашиот регион. Институциите да излезат на терен и да направат увид на состојбите на реките и речните корита, како и критичните точки и можности на излевање на река Пчиња, поконкретно Меморијалниот центар АСНОМ, конкретни се во соопштението по денешниот состанок.
Што се однесува до АД “Водостопанство Кумановско Липковско поле”, тоа треба, во рамки на своите надлежности и доколку утврди состојба што може да доведе до загрозување, навремено да превземе мерки за надминување на истата. Дополнителната потреба од соодветна механизација се апелира до Водостопанство, да се искаже преку барање до ОШЗС.