Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека на 07.03.2025 било пријавено дека во манастирот во село Матејче, општина Липково, било влезено со употреба на сила, била оштетена црквата и биле одземени повеќе предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во кусата информација на СВР Куманово.