Оштетено возило од заталкан куршум на улицата „Живко Чало“
Во СВР Куманово вчера 41-годишен кумановец пријавил дека неговото патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Живко Чало“ во Куманово, било оштетено од заталкано зрно, соопштија надлежните од СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.