Пазарната инспекција од утре на терен за ограничената маржа за училишен прибор

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат од утре ќе излезат на терен и ќе вршат контрола за да се утврди дали се почитува владината мерка за ограничување на маржата за училишниот прибор.

Директорот на ДПИ, Горан Трајковски вели дека нема да има компромис за никого, а законот ќе важи за сите.

-Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија. Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат.

Ги повикувам граѓаните доколку забележат неправилности да пријават во пазарниот инспекторат на 191 или www.dpi.gov.mk, вели Трајковски.

Коментари

коментар(и)