Патронен празник на училиштата „Наце Буѓони“ и „Магдалена Антова“
Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и основното училиште „Магдалена Антова“ денеска прославуваат патронен празник.
Борците на Карадачкиот партизански одред Наце Буѓони и Магдалена Антова загинале на 14 октомври 1941 година во реонот на селото Белановце при борбата на одредот против бугарската окупаторска војска и полиција. Во битката загинале заедно со повеќе нивни соборци.
По повод патронот, пред бистите во училишните дворови деновиве беше положено свежо цвеќе, а во спортската сала на основното училиште „Магдалена Антова“ деновиве беше реализирана и културно-уметничка програма подготвена од учениците со дел од наставниците.
Директорите на училиштата се задоволни од успесите што ги остваруваат нивните ученици на општинските, регионалните и на државните натпревари.
Она што недостасува во основното „Магдалена Антова“ се минимум две вработувања, посочува директорот Живко Стојковски.