Педесет и втора седница на Советот на Општина Куманово

На 17 февруари 2021 година (среда), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи педесет и втора седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред, освен предлог одлуките за изменување и дополнување на значајни програми, како што се програмата за социјална заштита и спроведувањето на мерките за субвенционирање на трошоците за комунални услуги – ќе ја има и точката советнички прашања.