Пензионерите од денес со повисоки пензии за 2500 денари

Над 340.000 пензионери во Македонија од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија.

„Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада“, извести МТСП.