Пингпонгарите од Куманово со одлични резултати на Државното првенство во Пехчево

Пингпонгарите од Кумамново Андреј Васевски, Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски викендов настапија на 9-то Државно поединечно првенство за играчи до 21 година, кое се одржа во Пехчево. 

Прво место, златен медал и титула Државен првак освоија Јаков Јакимовски и Моника Стајковска од ППК „Зегин Берово”, додека бронзен медал и трето место во игра на двојки за Васевски и Јакимовски. 

„По одличен почеток во Прва лига за сениори и добро спроведени мини подготовки, нормално беше и да се очекува добар резултат и на оваа Државно првенство. Во поединечна конкуренција Васевски и Кузмановски изборија пласман во елиминацискиот дел, додека Јакимовски избори пласман во осумте најдобри на оваа првенството, а со тоа и право да учествува на ТОП 8 за играчи до 21 година“, истакна тренерот на ППК „Куманово” Мики Трендафиловски.